Грција и Италија- најгласни против Македонија да се одвои од Албанија

0
120

И покрај заострената реторика на релација Скопје-Софија, на денешниот состанок во Луксембург помалку неочекувано Грција била земјата од соседството која жестоко се спротивставила на идејата Македонија да се одвои од Албанија и самата да добие датум за преговори.

Ваквата позиција на Атина беше најавувана, но во услови кога е повеќе од јасно дека шансите за да се обезбеди консензус за датум за Албанија се минимални, зачудува инситирањето по секоја цена да се опстои на истата. Со ова на некаков начин се потврдија стравувањата дека ставот на новата грчка влада е само суптилен начин да се стави ново вето за интеграциите на Македонија.