ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ИСТА ПО ЕВЕНТУАЛНИОТ НЕУСПЕХ ВО БРИСЕЛ?

0
128

Нов повик од опозицијата за предвремени парламентарни избори – власта не го губи оптимизмот за датум. И додека лидерите на ЕУ во Брисел одлучуваат дали Македонија може да ги почне преговорите со Унијата – опозиционите партии во земајва и од македонскиот и од албанскиот блок со исти ставови – на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ, иако се надева на зелено светло од Советот на ЕУ – останува на ставот доколку Македонија најдоцна до утре не го добие, како што велат заслужениот датум – потребно на пролет граѓаните да излезат на избори.