Димковски: За само две години, просечната цена на тутунот порасна од 196 на 217 денари по килограм, а директните плаќања од 20 на 30 милиони евра

0
139
Драго ми е што сите говорници пред мене во своето излагање ги спомна и земјоделците, затоа што тие навистина се важни.-истакна Трајан Димковски , министер по земјоделство ,водостапанство и шумарство на  граѓанската трибина „На прав пат” во Прилеп.
Тој потенцираше дека од 65 отсто од вкупно производство на тутун е токму од овој крај на нашата држава. Од вкупно 25 милиони килограми производство во државава 17 милиони произведуваат Прилеп, Долнени , Кривогаштани , пресметано во пари  од фирмите кои работат тука, тие оставаат  над 60 милиони евра од  вкупната продажба од 80 милиони.
Ако направиме споредба што имавме во 2016 година , а што денес ќе видиме дека постои огромна разлика.-рече Димковски.
Тој како дел од мерките и заложбите на Владата предводена од СДСМ ги посочи зголемувањето на субвенциите, зголемувањето на просечната цена на тутунот кој од 196 денари по килограм во 2016 порасна на 214 денари,па и 217 денари  по килограм во 2018 година, а со тоа просечната цена на тутунот е зголемена за 9 отсто.
Зголемувањето на површината на одгледување на тутун е уште еден показател на успешните аграрни политики на оваа Влада. Па така, ако во 2016 година имало 13 илјади хектари, веќе во 2018 година имаме зголемување на 14.500 илјади хектари површина под тутун.
Тој потенцираше дека во 2016 година само од програмата за тутун , како директни плаќања  издвоени се 1.1 милијарда денари односно близу 20 милиони евра, а веќе за само две години имаме 1.7 милијарди денари или 30 милиони евра како директни плаќања.
Со ваквите мерки, ги охрабривме и самите тутунари да ги подобрат класите и понудат поквалитетен тутун –истакна Димковски.
Дополнително со носењето на новиот Закон за  тутун се овозможува  земјоделците директно да прават договори со самите фирми, со што се поедноставува самиот процес. Сите овие параметри покажуваат еден прогресивен тренд на раст кој и во иднина ќе се задржи, затоа што политиките и грижата за тутунарите,земјоделците ќе продолжи.-заклучи Димковски.