Дончев: Има пари за укинување на квотите за лекови

0
137

Како што истакна Дончев во дебатата, приливите на Фондот во 2020 година ќе бидат за преку 100 милиони евра поголеми од оние во 2018-та благодарение на актуелните економски политики и раздвижувања.

Тој најави и дека многу скоро ќе биде спроведена планираната темелна реформа во позитивната листа.

„Укинувањето на квотите за лековите е добра, среќна вест, од корист за сите граѓани. Бенефит ќе имаат сите осигуреници. Секој во секое време од која било аптека ќе може да си го подигне потребниот лек. Се елиминира системот на квоти со што се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови кој беше особено евиндентен во зимските месеци“, објасни Дончев.

Според него, се водело сметка да има период од една година за прилагодување на малите аптеки.

„Ако пред година – две ја донесевме мерката, ќе ризикуваме помалите синџири аптеки да ги ставиме во нерамноправна положба. Порано се фаворизираше само еден синџир аптеки“, напомена директорот на Фондот и дополни дека досега не е изготвен никаков е-здравство и вклучување на информатичките технологии во секторот со цел негово поедноставно функционирање.

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ го поздрави укинувањето на квотите, но констатира дека товарот за оваа мерка ќе падне на лекарите, а ќе се манифестира, како што рече, со насилството врз нив. Со оваа мерка, оцени тој, малите аптеки ќе пропаднат зашто се фаворизираат само два големи синџири.

„Ветувањето на СДСМ беше дека ќе го поедностави издавањето рецепти, но всушност го искомплицира. Сега матичниот лекар може да напише рецепт само ако го прати пациентот прво на специјалистот од каде треба да добие соодветна дијагноза“, рече Николов.