Заев: Во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено

0
130

Во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено, изјави премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Штип.

„Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон.Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери. Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено“, рече Заев.

Чесните политики, додаде тој, ќе ни донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери.