Заев: Комисијата низ факти да изгради пријателство, а не непријателство

0
91

“Непријатно е чувството за Декларцијата која Бугарија ја донесе во фаза на имплементација на Договор, пред одлуката на Европскиот совет, но нема да дозволам да предизвикам кавги што ја заглавуваат државата по 10-тина години”, изјави премиерот Зоран Заев, на собраниската седница, одговарајќи на пратеничко прашање на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека иако Декларацијата побуди реакции овде во Парламентот и кај нашиот народ, бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката Екатерина Захариева биле едни од главните протагонисти што се бореле со аргументи за добивање на одлуката за старт на преговорите на Советот на министрите, а потоа и на Европскиот совет.

Одговарајќи и на Лашкоска, Заев истакна и дека не влијаел на работата на Комисијата за историски и образовни прашања.

“Комисијата, има за цел низ историските факти да изгради дополнително пријателство, а не дополнително непријателство. Тврдам пред сите, и би било добро да го докажете спротивното, оти велите дека сум правел притисок врз Комисијата. Нашата Комисија е експертска, се работи за исклучителни професионалци, кои ги почитувам многу за тоа тоа што го прават во разговорите” рече Заев.