Заев: На 12 април ќе барам нов чист мандат од граѓаните

0
76

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер, а тој во кампањата ќе биде кандидат за оваа позиција.

Коментирајќи ја вонредната резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а е најавена да се најде на дневен ред на пленарната седница во Стразбур, Заев вели дека секако е од помош за да го ублажи разочарувањето од како што рече историската грешка што ја направи ЕУ кон нашата земја.

Во однос на ставот на поранешниот грчки вицепремиер Евангелос Венизелос дека реализацијата на Преспанскиот договор е врзано со интеграцијата на Македонија во ЕУ и дека внатрешната употреба на името, односно „Ерга Омнес“, зависи од тоа дали земјата ќе започне преговори со ЕУ, Заев вели дека продолжува реализацијата на Преспанскиот договор, а тоа значи дека договорот помеѓу двете земји, носи соработка, вградена е и ЕУ, преку поглавјата се реализира и затоа тука е и гарантот на ЕУ.