Заев: Пензионирањето нема да се продолжува до 67 години, туку во пензија со 64 години

0
137

Претседателот на Владата и на СДСМ, Зоран Заев, на партиска трибина во Куманово денеска соопшти дека се подготвува нов закон за пензионирање, според кој нема да може пензионирањето да се продолжува до 67 години како што е сега, пренесе порталот Центар.

– Носиме нов закон. Наместо како досега со избор до 67 години да се оди во пензија, сега ќе се оди во пензија на 64 години, за да ослободиме места за младите луѓе, рече Заев.

Тој соопшти дека новиот закон бил пуштен во процедура.