Заев сведочеше за прислушувањето на рочиште за „Таргет/Тврдина“

0
73

Како што рече то во своето сведочење за предметот “Таргет-Тврдина”, материјалите се чувале во посебни простории во СДСМ, а пристап до нив имале само тие двајца. Заев прстот за нелегалното прислушување го впери кон УБК, но во судницата директно не го спомена тогашниот директор, а сега обвинет Сашо Мијалков. Дополнително, премиерот во изјава за медиумите дообјасни дека во судница не штител никого.

-Груевски е краен консумент, но се подразбира дека и Сашо Мијалков и тоа како е виновен како тогашен директор на УБК. Сепак лошотијата, злобата доаѓа од тој што го консумирал тоа, чесниот политичар го спречува тоа и го пријавува. Сите во веригата го прекршиле законот и тука дилема нема. Јасен е случајот како бел ден, рече Заев .

Заев во своето сведочење рече дека единствено тој ја вршел селекцијата кои од разговорите ќе бидат објавени, а кои не. Селекција вршел и на разговорите на албански јазик, иако не ги разбира, а материјалите кои ги одбирал рече ги давал на превод кај висок член на СДСМ.

Кога ќе го фатите Али Ахмети како зборува со Никола Груевски тој зборува на македонски и веднаш гледате да го направите случајот соодветно на другите разговори во тој период се само на албански, тие случаи ги извадивме кои за нас беа информативно податливи.

Вели тогаш Никола Груевски на Заев му се црвени очите оти слушалките ги става на очите наместо на ушите. Точно, моите очи беа црвени затоа што јас не спиев цели вечери за да комплетирам материјали за да го селектирам и во таков еден амбиент тоа што можеме да селектираме и во делот на албанските политичари сме го објавиле.

Од одбраната единствено екс министерката Гордана Јанкулоска му постави прашање на Заев.. Таа го праша дали е точно дека имало дисконтинуитет во доставувањето на „бомбите“ во СДСМ, на што Заев одговори потврдно, односно истакна има денови за кои не добиле ниту еден прислушуван разговор.