Заев: Сé поголем е недостатокот на квалификувана работна сила (ВИДЕО)

0
75

Во рамките на кампањата за промоција на стручното образование и занимања, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера ја посети практичната настава во Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) во Скопје.

Учениците кои ќе бидат идни градежни инженери, проектанти и геодети, презентираа како се проектира и се работи со 3D принтер, како се ѕида гипсен ѕид и како се извршуваат теренските геодетски мерења.

Премиерот Заев рече дека голем процент од младите луѓе многу полесно ќе најдат работа ако навремено уште во образованието се насочуваат за стручните потреби на пазарот на трудот.