ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ ЕКСПЕРТИТЕ

0
117

Постоечкиот Закон за работни односи поради постојаната промена придонесува кон несигурност на работниците одразено преку договорите за определено работно време , а ниските плати само допринесуваат за исселување на способната работна сила сметаат дел од професорите и претставниците на здруженија чииј посебен фокус се трудовото и социјалното право. Професорот Тодор Каламатиев, смета дека потребен е нов закон кој ќе биде усогласен со европските регулативи и актуелните состојби во сферата на работните односи. Каламатиев смета дека дека постоечкиот Законот за работни односи не одговара на реалните услови на пазарот на труд.

На ставот дека постоечкиот закон не кореспондира со современите пазарни услови е и професорот Александар Ристовски кој вели дека постојат големи недоследностите кога е во прашање Законот за работни односи.