Затвореник од Идризово избегал додека затворската полиција си купувала сендвичи

0
113

Затвореник од Идризово им избегал на затворските стражарите при транспорт од комплексот Клиники кон Идризово. Стражарите застанале на враќање да си купат сендвичи на бензиска по што осуденикот Фидан Асани избегал од комбето. За Асани не било тешко да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи не бил ниту соодветно врзан. Бегството го сторил токму кај средното училиште Михајло Пупин, каде затворските стражарите застанале за доручек. Тој со мал напор успеал да ги отурне и се дал во бегство. Директорот на затворот Идризово Боби Мојсоски за Сител вели се работи за бегство од немарност на затворските стражарите.

„ Затвореникот ги оттурнал од себе стражарите и избегал. Се работи за чиста немарност на вработените бидејќи истите излегле од рутата. Настанот се случил додека се враќале од Комплекс Клиники Мајка Тереза каде го носеле затвореникот на редовен лекарски преглед. Оттаму наместо по стандардната рута, тие скршнале од патот, застанале на бензиската Макпетрол за да си купат сендвичи. Настанот го пријавила командирката во чуварската служба но откако се вратиле назад во КПУ Идризово. Сите ќе бидат суспендирани. “

Се работи за лице осуденик на 7 години и 7 месеци казна затвор за сторени кривични дела предизвикување општа опасност, насилство и за криумчарење мигранти.По него сега повторно трага полицијата. Асани одлежал само 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.