ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ УТВРДУВА ДАЛИ ДЕЦАТА ВО ПОПРАВИОТ ДОМ „ТЕТОВО“ ГИ РЕСОЦИЈАЛИЗИРАЛЕ СО ДИЈАЗЕПАМ И ХЕЛЕКС

0
85

Дијазепам, хелекс и слични лекарства за смирување биле секојдневна терапија на повеќе од 10ина штитеници од Тетовскиот поправен дом кои се на времен престој во Охридскиот затвор објави порталот СДК..

Од канцеларијата на народниот правобранител алармираат дека повеќето од нив иако се малолетни  лица редовно примале силна седативска терапија која ги прави поспани отсутни и незаинтересирани за околината. После овие тврдења во Охридскиот затвор поточно во одделот за малолетници вонредна контрола направила управата за извршување на санкциите и државниот здравствен инспекторат. Од управата која е под ингеренции на министерството за правда велат дека не е утврдено никакво прекршување.