Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

0
86

Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO, напиша вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Преостанува уште три земји да го ратификуваат Протоколот за нашето членство во НАТО. Се очекува тоа наскоро го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија.