И Европскиот парламент го осуди француското вето

0
80

Првиот човек на парламентарната фракција на конзервативците во Европскиот парламент Манфред Вебер ја критикуваше минатонеделната одлука на самитот на ЕУ кој не успеа да даде согласност за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Пред пленумот на Европскиот парламент во Стразбур, Вебер оцени дека се работи за историска грешка и голем удар за веродостојноста на ЕУ.
„Овие земји мора да добијат европска перспектива“, рече Вебер, кој инаку беше и водечки кандидат на европските конзервативци на изборите за парламентот на ЕУ. Тој директно ги обвини францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте дека се спротивставувале на одлуката за двете балкански земји.