Кај младо момче од Делчево пронајдени различни видови супстанци

0
78

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 09.10.2019 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во куќа во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.