Кога нема доволно реформи, не може да се обвинува Франција

0
84

Претставниците на македонската влада не можат да ја обвинуваат Франција, затоа што треба консензус од сите држави членки, а и таа е една од највлијателните држави , и основач на Европската унија, предупреди во понеделникот вечерта професорот по меѓународни односи и поранешен амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски, во текот на гостувањето на Алфа телевизија.

Професорот Наумовски, исто така, истакна дека актуелната Влада фрли сѐ на една карта, а тоа промената на името, со цел да се одблокираат евроатланските процеси. Но многу тешко можете да ја подадете вашата успешна приказна во Европската унија, доколку не ги имате исполнето сите ваши домашни задачи.

Неодржувањето на средба со францускиот претседател (ЕМануел) Макрон покажува дека Франција оценила дека не е моментот да се сретне со наши претставници затоа што има сериозни забелешки, рече Наумовски.

Додаде дека погрешно е да се верува дека промената на уставното име на Македонија е доволно за да направиме чекор напред имајќи предвид дека година и полина добивавме сериозни забелешки од страна од Франција и од други европски членки. Сега во изминативе денови и холандскиот амбасадор имаше сериозни забелешки за овдешните реформи особено во правосудтсвото и јавното обвинителството.

Мене ми се невкусни сите овие напади и кон Франција како држава и врз Макрон како претседател и врз амбасадорот Тимоние, не можете да го обвините Тимоние доколку не сте покажале доволно реформи внатре во државата, рече Наумовски.

Посочи дека сиве овие напади кон амбасадорите ќе бидат конрапродуктивни, и истите треба да се насочат кон напредок во сите оние полиња во кои постојат сериозни забалешки.

Сите амбасадори се преполни со информации за постојната корупција во држаавта, ние не можеме да ги скриеме тие проблеми под тепих, заклучи Наумовски.