Кози, кокошки и сандаци со пчели изгореа при пожар во штала во Катланово

0
112

Четири кози, кокошки и препелици, како и сандаци со пчели, изгореле при пожар кој настанал во штала на 57-годишен жител од скоското село Катланово.

Пожарот избил на 25. октомври околу 8 часот наутро и тој брзо го пријавил во полициското одделение Петровец.