ВестиРегион Косово го повлече барањето за прием во Интерпол Од Angel - вторник, 15 октомври, 2019 0 143 FacebookTwitterPinterestWhatsApp Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина ја повлекува својата апликација за членство во меѓународната полициска организација, објави порталот „Косово онлајн“. „Имајќи предвид дека изборите за парламентот беа организирани во Косово на 6 октомври, љубезно ве замолувам нашата апликација за членство да биде одложена до следната седница на Генералното собрание на Интерпол“, се вели во писмото на Харадинај.