Кумановец со автомобилот „покосил“ двајца пешаци- малолетник и старец пренесени во болница

0
76

Две лица повредени во кумановско, откако автомобил удрил во нив, па биле пренесени во билница.

„Вчера, околу 12.25 часот, на булулевар „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (40) удрило во пешаците Љ.О.(76) и малолетник“ велат од МВР.

По незгодата пешаците биле пренесени во болница во Куманово, каде на Љ.О. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај малолетникот биле констатирани телесни повреди. Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.