Куќен притвор за Мандиќ

0
133

Куќен притвор за потпретседателката на Меѓунаротдниот сојуз, Јасна Мандиќ која е осомничена за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“, вечерва определи судија на претходна постапка по предлог на Обвинителството.

Адвокатот на Мандиќ вечерва изјави дека барањето на обвинителството била ефективна мерка притвор но, како што рече, согласно постоечката состојба и тежината на обвинението како и на лични и семејни прилики, одреден е куќен притвор. Тој рече дека за нив ова е прифатливо решение и дека во овие постапки се подразбира определување мерка притвор.

Обвинителката Вилма Рускоска по исказот на Мандиќ во Кривичен рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог
за претрес. Рускоска информираше дека има клучни докази за обвинението за „Рекет“ кое утре ќе биде поднесено.

Обвинителката информираше дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за кој утре ќе има обвинение

За претеничката Фросина Ременски, Рускоска рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одзмеање на патна исправа, забрана
за напуштање на престојувалиште и еднаш неделно треба да се јавува во судот.

На прашање како излегле документите од Обвинителството, рече дека одговорно тврди дкеа документите не се излезени од Обвинителството, затоа што убаво се гледа на снимките дека е сликано на копија.

-Во Обвинителството се оригинални, копии Обвинителтвото достави до Судот на 15 јули кога се бараше кога имаше предлог за притвор на
двајца осомничени, потоа дел од доказите кога се бараше продолжување, како и дел од докази кога се бараше определување на мерка притвор за јавен обвинител. И може убаво да се види дека тие документи што излегоа дека се од копии. Така да одговорно тврдам дека не се излезени
од ЈО, рече Рускоска.

Во однос на притворените за случајот, Обвинителката реле дека заедно со обвинението утре ќе побара продолжување на притворите но рече и
дека не и познато дали некаде се завршени претресите.