Лотарија за Зелена карта за САД за 2021- пријавувањето започна

0
88

Периодот за пријавување на Лотаријата за зелена карта за САД за 2021 година, започна во 18:00 часот на 2 октомври и ќе трае до 18:00 часот на 5 ноември, по локално време. Кандидатите можат електронски да се пријават преку E-DV фолмуларот, кој се наоѓа на официјалната веб страна www.dvlottery.state.gov на која има целосни инструкции.

Учеството во лотаријата е бесплатно. Најдобро е кандидатите лично да ги поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош и од трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат лично е одговорен за точноста на поднесените податоци и дали тие се комплетни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и да биде извлечен како добитник. Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава. Поднесувањето на повеќе пријави за едно лице ќе доведе до дисквалификување.

Секој кандидат треба да ја испечати и да ја чува потврдната страница од апликацијата со единствениот број барем до 30 септември 2021 година, за да може да провери дали е извлечен. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Почнувајќи од 5 мај 2020 година, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани во Програмата.