Лоши сигнали во Брисел – Македонските преговори тешко преку францускиот бедем

0
129

Македонските преговори тешко го минуваат францускиот бедем во Брисел, каде со огромна доза на триумфализам попладнево се објави договор за Брегзит со Британија.

Неизвесно е и дали Македонија воопшто ќе се најде на дневен ред вечерва, со оглед дека ниту Меркел ниту Макрон на доаѓање во Брисел не го споменаа проширувањето.

Во седиштето на Европскиот Совет е Александар Видиновски.. Се чини моментот на вистина го соопшти новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Извор  Канал 5