Макрон во телефонски разговор со Трамп: Итно да се запре турската офанзива во Сирија

0
125

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава.

Според соопштението од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали Макрон ги повикал американските сили да интервенираат.

Макрон ја истакнал потребата да се запре „секое заживување на Исламската држава во регионот“ и да се поддржат курдските сили, кои помогнаа воената коалиција предводена од САД да ја преземат територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава.