Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“

0
145

Мартинијан Кириловски со песната „ Сто пати на ден “ е победник на 34.тото издание на фестивалот „Макфест“, кое што се оддржа во Центарот за култура Ацо Шопов во Штип. Второто место им припадна на Александар Митевски и Драган Спасов Дац за песната „Уште ми шалиш“, додека третото им припадна на групата Фрајле, од соседна Србија за композицијата „ Не и признавај“.

Наградата за најдобар аранжман ја доби пејачката Лара со композицијата „Твоите очи лажат“.

Најдобар сценски настап ја доби компизицијата „Возбуда и љубов“ во интерпретација на Мартија Станојковиќ.

Најдобра вокална интерпретација ја доби Росана Сарич Тодоровска, со песната „Спомени“.

Најдобар дебитант ја доби струмичанката Славица Ангелова со композицијата „Љубовта не боли“.

Тимот за првото место на „Макфест“ беше награден со 5.000 евра. Вториот со 3.000 евра, додека за тимот за тртото место беше награден со 1.000 евра.