Медведев утре во Белград, ќе го чуваат над 5000 полицајци

0
141

Рускиот премиер, Дмитри Медведев утре ќе го посети Белград, а како што пренесуваат српските медиуми, ќе го чуваат над 5000 полицајци.

Медведев доаѓа во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Според „Вечерни новости“, освен полицајци и припадници на тајната служба, Медведев ќе го чуваат и околу 30 телохранители. Како што се наведува, безбедноста во градот ќе биде подигната на највисоко ниво.

Предвидено е за 12 часа да посети дури осум локации. Првата станица на рускиот премиер, откако ќе слета на аеродромот „Никола Тесла“, каде ќе го дочека српската премиерка, Ана Брнабиќ, ќе биде воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“, каде заедно со Вучиќ ќе присуствува на демонстрација на воената способност на српската армија.

Се очекува МЕдведев да ја потврди поддршката на Србија во поглед на решавање на проблемот со Косово, а на дневен ред ќе бидат и неколку билатерални средби. Предвидено е разговорот меѓу Вучиќ и Медведев да трае 45 минути, пренесе „Новости“.

Медведев ќе го посети Калемегдан. Вечерва ќе присуствува на свечена академија за 75-годишнината од ослободувањето на Белград./Makfax