МЖСПП: Напредок на проектот за интегрирано управување со цврст отопад во Полошкиот регион

0
122

Разгледување на статусот на реализација на проектот за интегрирано управување со отпад во Полошкиот Регион беше тема на разговор на денешната работилница „Управување со цврстиот отпад во Полошкиот Регион, Фаза I” наменета за градоначалниците од деветте општините од овој регион, на која учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Насер Нуредини.

Како што соопштија од Министерството, покрај степенот на реализација на проектот, на работилницата што денеска се одржа во Тетово, бил презентиран и Регионалниот план за управување со отпад за Полошкиот регион, како и понатамошните чекори за усвојување на планскиот документ.