Мицкоски: Заев даде предлог за унапредување на Катица Јанева во Републички јавен обвинител

0
120

Во емисијата на „24 Отворено“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој посочи дека самиот Зоран Заев во улога на премиер даде предлог Катица Јанева да се унапреди во Републички јавен обвинител.

Во првичната верзија која што СДСМ ја достави до Собранието беше предвидено интегрирање на СЈО во рамките на државното ЈО и таму беше предвидено тогашниот специјален јавен обвинител г-ѓа. Катица Јанева сега притвореничката Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, т.е. да биде заменик на обвинителот Јовевски, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ велеше дека тоа не е можно бидејќи не само што се попречуваат сите граѓани на Република Македонија рамноправно да конкурираат, туку и нема логика Катица Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител.

И тогаш знаевме и имавме индиции на она што потоа следеше, а тоа беше случајот „Рекет“, онаа мега корупциска афера, истакна Мицкоски