Мицкоски се сретна со Палмер: Потребно е ресетирање на општеството

0
76

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер со кого разговарале за актуелната политичка состојба.

На средбата, како што соопшти партијата, било нагласено значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата.

Мицкоски кажал дека е за интензивни односи и соработка со САД за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите.

„Мицкоски истакна дека е потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во ЕУ преку сериозни сеопфатни реформи. Тој посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда”, се додава во соопштението.