Мицкоски ја прифати фрлената ракавица на Заев

0
71

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го прифати предлогот на Зоран Заев за брзи предвремени парламентарни избори, но не е се уште сигурен дали премиерот ќе го одржи денешниот збор.

Но, сепак како што рече на утрешната лидерска средба се надева дека ќе се постигне договор за избори.

Кога тие би се одржале не зависи од мене рече Мицкоски, но ставот на мојата партија е јасен –  избори веднаш со почитување на законите за формирање на техничка влада.

Откако ВМРО ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе мора да го почитува Преспанскиот договорот, но оваа неправда која друг ја донесе, ќе ја исправиме со обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието.

Мицкоски на денешната средба со гостиварци во рамки на кампањата разговори за обнова на Македонија, веќе почна да бара мислења и предлози за создавање на изборната програма на партијата која како што рече ќе се темели на Македонизмот кој бил изоставен за време на владеењето на СДСМ.

Тој потенцираше дека со доаѓањето на власт на ВМРО ДПМНЕ политиката повеќе нема да се меша во правосудството и правниот систем, а прв чекор кој ќе го овозможи ова ќе биде избор на јавен обвинител директно од граѓаните.