Момче украло автобус и се возело низ Белград

0
144

Малолетник вчера попладне за време на протестот на таксистите во Белград, украл автобус и со него поминал повеќе километри низ главниот град на Србија, пренесоа српските медиуми.

Неофицијално, возачите брзо забележале дека им недостасува автобус и повикале полиција и набрзо крадецот е уапсен. За овој пропуст на возачите на линијата 59 никој не сакал да зборува, освен да потврдат дека ситуацијата навистина се случила. Но, според некои пишувања, станува збор за момче кое е добро познато на возачите, односно за човек кој „обожува да се дружи и да разговара со возачите на јавните автобуси“.

– Го забележав паркираниот автобус со бројот 59 и малку се изненадив што е паркиран, но тоа не беше многу чудно поради тоа што сите линии се пореметени поради протестите, истакна за српска „Политика“ возач на автобус во Белград кој сакал да остане анонимен.