Моќен тајфун доаѓа до Јапонија: Евакуирани повеќе од милион жители! Силниот ветер корне кровови

0
117

Еден маж загинал, а повеќе од милион жители на Јапонија се советувани да ги напуштат своите домови поради силниот тајфун кој денес ќе ја погоди оваа островска држава.

Маж загинал кога му се превртел автомобилот во источен Токио, додека четири лица биле повредени кога силниот ветер корнел кровови од куќи.

Како што се наведува, веќе се уништени или оштетени околу 30.000 куќи, а 16.000 домаќинства останале без струја

Продавниците и фабриките се затворени, прекинат е железничкиот сообраќај и откажани се повеќе од 1.600 авионски летови.