МФ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРОЕКЦИЈАТА ЗА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА ЗА ГОДИНАВА НА 3,2 ОТСТО

0
130
Foto

МФ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРОЕКЦИЈАТА ЗА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА ЗА ГОДИНАВА НА 3,2 ОТСТО

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми проекцијата за растот на македонската економија за годинава на 3,2 проценти од БДП, од првично проектираните 3 насто. Во најновиот извештај за следната година ММФ предвидува раст од 3,4 насто, а до 2024 година очекува економијата во земјата да порасне за 3,5 насто.

Но и со овој ваков раст на економијата за годинава ние сме практично после Косово, каде растот ќе оди до 4,2 насто, но и по Србија, каде е планиран раст од 3,5 проценти. Позади нас, пак, по очекуваниот раст се Црна Гора, Албанија и Хрватска, со раст од по три проценти.

Трговската војна меѓу САД и Кина ќе ја забави глобалната економија и растот во 2019 година ќе биде на најниско ниво од финансиската криза 2008/09 година, предупреди ММФ, додавајќи дека изгледите може да се влошат доколку трговските тензии останат нерешени