НАПАД НА ЏАМИЈА: Најмалку 16 загинати во Буркина Фасо

0
118

Најмалку 16 загинати, а двајца потешко повредени во напад на џамија во Буркина Фасо, пренесе „АФП“.

Според првичните информации, неидентификувана вооуружена група отворила оган во џамијата во селото Салмоси во северниата провинција Удалан.

Терористичките напади во Буркина Фасо се засилија, а речиси половина милион луѓе ја напуштија областа. За само четири години убиени се повеќе од 500 луѓе.

Од 13 провинции, седум се во вонредна состојба.

Неодамна во Буркина Фасо се засилија терористички напади, поради што скоро половина милион луѓе ја напуштија областа.

Повеќе од 500 луѓе се убиени во терористички напади во изминатите четири години.