Најавено првото заладување

0
130

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со минимална температура од пет до 26 степени.

Во наредните денови ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда 30 октомври.