Не ја гледаат иднината тука – 70 проценти од студентите сакаат да заминат од Македонија

0
155

Каде се гледаат македонските бруцоши по завршување на факултетите? На првиот академски час дел од нив се изјаснија дека нивната иднина е токму тука, други пак сакаат да заминат од земјава. Велат тешко се доаѓа до работа платите се ниски и дококу имаат прилика среќата ќе ја бараат на друго место, јавува Сител.

Годинава на ФИНКИ се запишале 1.100 лица, а на економски факултет едвај 600. Деканите и ректорите со порака до нив да не с еплашат од предвизиците туку да се соочат со нив, а тие ќе направат се за да ги задржат тука затоа што се потребни.

Според првичните бројки годинава на факултетите се запишани 11. 000 студенти од кои 7.000 на УКИМ.

Според анализата на Детектор објавена неодамна дури 70 отсто од студентите се изјасниле дека размислуваат да ја напуштат државата.