Николовски негира дека ќе биде технички премиер: Одлуките ќе ги донесеме во декември

0
71

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ги отфрла информациите во медиумите дека е најсериозен кандидат да биде премиер во техничката влада што треба да се формира според пржински формат во пресрет на предвремените парламентарни избори, договорени за април следната 2020 година.

Во изјава за Фокус, Николовски вели дека во однос на кадровските прашања поврзани со изборниот процес владејачката партија ќе одлучува на крајот на годинава.

-Информациите поврзани со мене не се точни. Ова прашање сега не е предмет на дискусија, туку најверојатно ќе биде отворено на крај на декември и тогаш ќе се донесе одлука – вели Николовски.