НОВА БОМБА НА ЕЛ ЧЕКА: ШЕЌЕРИНСКА БАРА ОД ДУИ ДА ГЛАСААТ ПРИНЦИПИЕЛНО

0
83

„Многу ќе биде битно ДИК како ќе одлучува и мислам дека одлучувачки ќе биде вашиот глас таму на Јакупи, он у принцип според тоа како гледам ДИК како работел стварно принципиелно гласал и тоа е потребно… Значи не е услуга да се прави туку принципиелно да се гласа за да колку толку изборниот процес да не добие црвен картон“ – извадок од аудио снимка.

Ова е најновата аудио снимка што ја објави Ел Чека, а во која се слуша како актуелната вицепремиерка Радмила Шеќеринска му дава упатства на функционерот на ДУИ, Фатмир Бесими за како нивниот член во ДИК, Субхи Јакупи да гласа за време на локалните избри во 2013-та година.

– „Во ДИК е сега во моментов одлучуваат и буквално мнозинството го прави Јакупи … Те молам затоа што и твојата работа ќе биде верувај ми ако се одземат овие победи ја ти гарантирам дека пак ќе биде прашање на време кога ние скроз ќе излеземе од процесот што ќе седиш во Парламент кога ништо не можеш џабе мандатот ќе биде види па ако имаш нешто јави ми“ – извадок од аудио снимка.

За вицепремиерката нема ништо спорно во тоа што се јавила кај функционер на ДУИ и барала нивни член во ДИК да гласа принципелно. Шеќеринска на својот Фејсбук профил пишува дека адуио снимката покажала дека додека други краделе и се заканувале тие само барале да не се крадат победите.

– „Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“ – ФБ статус на Радмила Шеќеринска – Вицепремиерка.

Поранешниот вицепрермиер за евроинтеграции и функционер на ДУИ, Фатмир Бесими тврди дека не станувало збор за влијание, а дека тој работата си ја вршел согласно законите.

– „Не станува збор за влијание, туку за ова како што ви кажувам… Значи јас како вицепрермиер сум се залагал за процесите да одат согласно законите и така сум постапил. Не сум имал јас никакво директно влијание врз инстуитуциите, туку како вицепрермиер сум имал задолжение во институциите да следам реформи. Тоа е… Повеќе од тоа не можам да ви кажам“ – телефонска изјава на Фатмир Бесими.

Членот на ДИК Јакупи пак, не ја чул објавената аудио снимка, а во телефонски разговор за ТВ24 тврди дека никогаш никој не влијаел врз него како да гласа како член на ДИК.

Во слична ситуација, кривично одговараа екс началникот на УБК Сашо Мијалков, Лидерот на ДПА – Мендух Тачи и членот во ДИК – Бедредин Ибраими. Во прислушуваните разговори кои тогаш ги објави СДСМ можеше да се слушне раговор меѓу екс началникот на УБК Сашо Мијалков и Мендух Тачи како договараат како да гласа членот на ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими, за приговори за локалните избори во 2013 година.

АУДИО СНИМКА

СМ: Мендух?
МТ: Кажи?
СМ: Шо праиш?
МТ: Еве тука, седам со луѓе.
СМ: Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да.
СМ: Може ли да гласате за нас сега, за Струмица? Да ни се усвои приговорот?
МТ: У комисија?
СМ: Да, у ДИК.
МТ: Може, еве да се јавам одма.
СМ: Ама сега треба тоа да се…
МТ: Одма, одма, одма.
СМ: пошто ние одложуваме малце. А?
МТ: Одма се јавувам и за минута ти кажувам.
СМ: Ајде.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“, поранешниот директор на УБК Мијалков и лидерот на ДПА Тачи беа осудени на 3 години затвор, а Ибраими на 4 години и 6 месеци.