НОВО РОЧИШТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

0
128

Со повеќе од 600 транскрипти и смс-пораки кои ги презентираше обвинителката Фатиме Фетаи започна денешното рочиште за случајот „Монструм“. Со кодирани имиња во шифри се читаа транскрипти од разговори на лица и од безбедносните структури во државата и од лица кои тогаш биле испрашувани во полиција непосредно по убиствата.

За одбраната, транскриптите се доказ дека извршителите се други, за адвокатите на оштетените ова покажува дека во случајот се вмешани многу страни и не може да се цени по новите транскрипти кој е извршителот.

За потеклото на транскриптите кои немаат аудио верзија туку само пишана, ќе треба одговори да даде Ѕвонко Костовски, кој ќе биде свикан на наредните рочишта како сведок.