Нов закон за Агенцијата за разузнавање до крајот на годинава

0
118

Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу на денешната седница ги информирал членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање дека ќе се носи нов закон за Агеницијата за раузнавање, на местото на постоечкиот што е од 1995 година, а според препораките на НАТО треба да биде донесен до крајот на оваа година.

Претседателот на Комисијата за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, Трајко Вељаноски информира дека препорачале да бидат вклучени сите политички субјекти, особено опозицијата во изготвувањето на новиот закон и да се донесе со консензус, затоа што, потенцира, е битно реформите што се прават во однос на безбедноста да бидат консезуално усвоени.

Крајот на октомври или во првата половина на ноември зависно од термините и собраниските активности членовите на Комисијата ќе изврши надзор врз работата во Агенцијата, информира Вељаноски по завршување на седницата, на која директорот на Агенцијата за разузнавање реферираше за кадровските решенија, како и за целокупното работење.

– Надзорот е согласно овластувањата што ги има Комисијата. Одредени прашања што беа поставени и дадените одговори ќе можат да бидат на лице место проверени, изјави претседателот на собраниската Комисија.