НОВ ПРИСЛУШУВАН РАЗГОВОР

0
123

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нов прислушуван разговор. Како што вели објавувачот Ел Чека, овој пат се слуша гласот на Радмила Шекеринска и поранешниот Вицепремиер, Фатмир Бесими. Станува збор за разговор снимен во 2013 година за време на локалните избори, а во него се слуша како женскиот глас бара од соговорникот нивниот човек во ДИК, принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово. Според неа доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза. Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, објави статус на својот официјален Фејсбук профил во кој го коментира новообјавениот прислушуван разговор.

– „Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. ,,бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа“. – пишува Шекеринска.