Околу 200 првачиња не следат настава оти не се вакцинирани

0
80

Лука Андреев

22 октомври 2019, 15:41
Сподели
Сподели
„Околу 200 деца не тргнаа во прво одделение, но оваа бројка не е финална и веројатно ќе расте“, истакна министерот за образование Арбер Адеми, прашан дали е најден компромис со родителите на деца кои не ја имаат примено вакцината против мали сипаници, кои пак претходно протестираа под слоганот „Секој има право на образование“. Адеми додаде дека институциите се во постојана комуникација, а оваа тема ќе се најде и на седница на Влада.

Властите остануваат цврсто на ставот дека невакцинирани деца не смеат да посетуваат настава, како во училишните клупи, така и во градинките, се додека не достават потврда за примена МРП-вакцина.

Во меѓувреме, од министерството за здравство соопштија дека прогласената епидемија од мали сипаници е се уште на сила. Од Институтот за јавно здравје информираа дека неделно регистрираат по околу 2 нови случаја. Набавени се и дополнителен број дози на вакцини, а за нив се пријавуваат претежно здравствени работници, студенти и ученици.