ОСМАНИ: ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА МОЖЕ ДА СОВЕТУВА, АМА ЗАКОНОТ НЕМА ДА СЕ ДОПРЕ

0
113

Законот за јазици е заокружување на Охридскиот рамковен договор, и да нема дилема за последиците по државата ако некој посегне по законот, предупредува вечерва вицепремиерот Бујар Османи во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија „Алфа“.

Настрана од пораките на минситерката за правда Рената Дескоска и премиерот Зоран Заев, кои дури и порачаа дека не само што ќе се имплементираат сите забелешки од Венецијанска туку и ќе падне законот ако треба, Османи е дециден дека законот останува ваков каков што е. Односно може да се имплементираат забелешки ама само преку некои идни акциски планови.

-Ние имаме добра соработка со Венецијанска комисија, ќе продолжиме да ја почитуваме и соработуваме, но нивните совети ќе бидат предвидени во рамки на акционите планови на законот за јазици. Законот може да се смени кога ќе има разбирање меѓу двете етнички заедници во Македонија, односно консензус. А за тоа ќе биде потребен Бадентер, смета Османи.