Отворена предистражна постапка за „Рекет 2“

0
136

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“.

Ова следува откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Само за потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече оти јавно ќе ја пласираат документацијата што ја имаат во врска со случајот, доколку Обвинителството постапува нетранспарентно.