Откажани уште 45 летови на аеродромот во Браселона – насилните протести продолжуваат

0
69

Откажани се денеска 45 летови на меѓународниот аеродром во Барселона „Ел Прат“, откако аеродромот претрпе помали штети за време на протестите на каталонските застапници за независност , изјави портпаролот на шпанскиот оператор на аеродромот АЕНА.

„Повеќето од 45 летови откажани денес се резултат на вчерашното откажување“, изјави портпаролот за медиумите. Вчера беа откажани 110 летови.

Портпаролот рече дека демонстрантите не успеале да навлезат во внатрешноста на терминалот и дека биле направени мали оштетувања на инфраструктурата за време на судирот со полицијата. Тој додаде дека вредноста на материјалната штета и бројот на патници погодени од протестите во моментот не може да се процени, бидејќи авиокомпаниите не го испраќале бројот на патници до службените лица на аеродромите.