ОЈО: Обвинителот во случајот „Тамара“ побарал изземање, судењето продолжува

0
72

24 Инфо
почетнаВестиМакедонијаОЈО: Обвинителот во случајот „Тамара“ побарал изземање, судењето продолжува
Македонија
ОЈО: Обвинителот во случајот „Тамара“ побарал изземање, судењето продолжува
October 21, 2019 16:39011
0

Во објавени текстови кои имплицираат дека “обвинителката се повлекува од случајот за малата Тамара“, има наводи кои не кореспондираат со точните факти. Имено се наведува дека јавниот обвинител кои досега постапуваше во предметот се повлекува и дека со тоа постапката во предметот ќе започне од почеток.

Имајќи предвид дека наведените информации не се точни, Ве известуваме дека јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек.