Пандов: Ја слушаме Рада во нова бомба, каде за слична ситуација други одговараа кривично

0
141

Сите сме во грч и исчекување, Вилма Рускоска конечно да ни ја објасни улогата на потпретседателката на Влада и СДСМ, Радмила Шеќеринска или кај народот позната по рекетарското име Шеки во аферата Рекет – пишува на Фејсбук, Александар Пандов.

Понатаму во статусот стои:

Секој плаќач на данок во Македонија, без разлика на национална, верска и партиска припадност го интересира што мајка барала оваа ,,света крава” кај Боки Тредичи дома, денот кога овој со милион евра кешарица спакувана во Луј Витон си замина од кај Орце?

Додека со нетрпение ги чекаме одговорите од Вилма, синоќа ја слушаме Рада во нова БОМБА, каде што за безмалку идентична ситуација, кривично одговараа Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедредин Ибраими. Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски на 3 години, Сашо Срцев на 3 години и Елизабета Стефановска на 3 години затвор.

Искрено се надевам дека Јовевски и Рускоска ќе го прeпознаат моментот на сенародно обединување со искрена желба и надеж за отварање на портите на ЕУ и ќе докажат дека во Република Македонија правото и правдата се еднакви за сите и важат за сите, без разлика на партии и фунции. Пошто нели ако нема правда, нема ни мир! Се надевам нема да дозволите народот да ја зема правдата во свои раце.

#ЧеСиЛежите