Помпео: САД не и дадоа „зелено светло” на Турција за напад врз Сирија

0
129

САД не и дадоа „зелено светло” на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој наведе дека Турција е соочена со „терористичка закана во јужниот дел на земјата”, но дека се „лажни” извештаите дека Анкара добила поддршка од САД за напад.

– САД не и дадоа зелено светло на Турција, истакна Помпео.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, со што покрената копнена офанзива против припадниците на курдската милицијата.

Претходно, турските воени авиони и артилерија пукаа врз позиции на курдските борци во прекугранична воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набљудувачи во курдските области соопштија дека најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.