Посакувам да добиеме безусловен датум за преговори со ЕУ

0
119

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва во интервју за телевизија 24 изјави дека искрено посакува државата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската унија.

Рече дека како партија ќе работат кај сестринските партии навистина тоа да се случи и државата да добие безусловен датум. Доколку датумот биде условен, тогаш, како што рече, тоа ќе значи пораз и уште една голема лага на владата на СДСМ.

Искрено, посакувам Македонија да добие датум за преговори и конечно да можеме да отпочнеме пат кон конечната цел, а тоа е Македонија да биде земја членка на ЕУ. Како политичка партија работиме во име на таа цел и посакувам датумот да биде чист. Од она што го добивам од круговите во Брисел кои испорачуваат информации кај нас, во нашата политичка партија, ќе постои можеби определена одлука која до последен момент нема да биде јасна, дали воопшто ќе има датум, дали ќе има датум и дали тој ќе биде условен како што ниту еден аспирант досега го немал, рече Мицкоски.

Рече дека за нив опција за избори се март или октомври. Сепак, како што додаде, да се причека 17 октомври дали државата ќе доибие датум за преговори, а потоа да се распишат избори и да се оди со техничка влада.