Почнува новата академска година

0
156

Денеска започнува новата академска 2019/2020 година, чиј почеток свечено ќе биде одбележан при универзитетите во земјава.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на Факултетот за музичка уметност и на Економскиот факултет, со што симболично ќе испрати порака до сите новозапишани студенти на факултетите при УКИМ.

Првиот академски час за новата генерација студенти ќе биде свечено одбележан и на другите универзитети во земјава.